24фудбал

Најде кој да „плаче“, првиот човек на ПСЖ се пожали: Тоа што го прави Барса не е фер

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи сугерира дека УЕФА ќе ја истражи Барселона откако „каталонците“ изминатово лето продаваа имот за да можат да донесат засилувања.

Шпанија

ПСЖ зад себе ја има државата Катар, парите никогаш не им биле проблем, за Нејмар платија рекордни 222 милиони евра, а за да го задржат Килијан Мбапе, му дадоа неверојатни 200 милиони евра.

И покрај тоа што често се критикувани за финансиски допинг, првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи реши да се пожали од начинот на кој Барселона ги финасираше трансферите на Рафиња, Роберт Левандовски и Жил Кунде.

„Каталонците“ продадоа дел од својот имот за да го намалат огромниот минус и да ги задоволат параметрите на Ла Лига.

„Дали тоа што го направи Барса е фер? Не, не е фер“ - вели Насер Ал Келаифи.

„Дали е легално? Не сум сигурен. Доколку им се дозволи да го прават тоа, сигурено и другите ќе повлечат ист чекор. УЕФА има сопствени регулативи, сигурно под лупа ќе стават се“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.