24фудбал

Холандија ќе биде домаќин на фајнл-фор турнирот од Лигата на нации, познати се сите учесници

Со вчерашните натпревари заврши групната фаза од Лигата на нации, познато е дека Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија ќе се борат за трофејот од ова натпреварување.

Останато

Холандските медиуми објавија дека завршниот турнир од Лигата на нации ќе се игра во нивната земја, во градовите Ротердам и Еншеде.

Турнирот ќе се игра од 14 до 18 јуни 2023 година.

Амстердам отпаднал од игра бидејќи во тој период имало закажано концерти, па мечевите ќе се играат во Ротердам и Еншеде.

Двата града ќе бидат домаќини на едно полуфинале, а потоа во Еншеде ќе се игра мечот за третото место, а во Ротердам финалето.

Лигата на нации ќе добие трет шампион, на првото издание триумфираше Португалија, а на второто Франција.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.