24фудбал

Влаховиќ и Митровиќ беа подобри од Халанд, Србија оди во Лига А (ВИДЕО)

Србија со голови на Влаховиќ и Митровиќ победи на гостувањето кај Норвешка со 2-0 и го освои првото место во групата со што се пласира во најдобрата дивизија од Лигата на нации.

Останато

Пред мечот меѓу Норвешка и Србија се зборуваше за дуелите меѓу напаѓачите на двете земји. Во Белград посупешен беше Халанд, но во Осло подобри беа Влаховиќ и Митровиќ.

На Норвешка и беше доволно и реми на овој натпревар, но не успеа да дојде до него. Влаховиќ во 42. минута донесе водство за 1-0, а по девет минути игра во вториот дел Митровиќ ги постави конечните 2-0 за Србија.


Србите со оваа победа го освоија првото место во групата и во следното издание на Лигата на нации ќе играат во најдобрата Лига А.

Во истата група Словенија и Шведска одиграа 1-1. Швеѓаните испаѓаат во Лига Ц и тие ќе бидат еден од можните противници на Македонија.