24фудбал

Шоу на мечот меѓу Англија и Германија, шест голови за едно полувреме (ВИДЕО)

Англија и Германија одиграа нерешено 3-3, а сите шест погодоци беа постигнати во второто полувреме, исклучително возбудлив меч во Лигата на нации.

Германија

Мрежите мируваа се до 52. минута кога Гундоган од пенал погоди за водство на Германија од 1-0, а 15 минути подоцна Хаверц зголеми и на 2-0.

Англија за 11 минути успеа да направи комплетен пресврт и да поведе со 3-2. Тоа го најави Лук Шо во 72. минута, три минути подоцна Маунт израмни на 2-2, а водството го донесе Кејн во 83. минута.

Но, предноста на Англичаните не траеше долго, во 87. минута Хаверц даде уште еден гол и ги постави конечните 3-3.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.