Репрезентативните натпревари му создадоа големи главоболки на Чави кој ги загуби двајцата главни дефанзивци.
Категорија: Шпанија 24.09.2022 17:35
Барселона денеска потврди дека Кунде и Араухо заработија повреди и двајцата се очекува да биде надвор од стројот околу еден месец.
Се повредија и Мемфис Депај и Френки де Јонг кои излегоа предвреме поради повреди на мечот меѓу Холандија и Полска.
Овие повреди доаѓаат во исклучително тежок период. Во октомври Барселона треба да игра со Мајрока (гости), Интер (гости), Селта (дома), Интер (дома), Реал Мадрид (гости), Виљареал (гости), Атлетик Билбао (дома), Баерн Минхен (дома) и Валенсија (гости).
Пеп ги има Пике, Кристенсен и Гарсија кои ќе треба да ја делат минутажата во дефанзивата. Се чини дека со овие повреди конечно Пике ќе заигра повеќе.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.