Пред последното финале од Лигата на шампионите се случија големи инциденти при влезот на стадионот во Париз од кои настрадаа голем број фанови на Ливерпул.
Категорија: Англија 24.09.2022 13:42
Поради продажба на фалсификувани влезници се создаде огромна гужва пред влезот на стадионот во Париз. Почетокот на мечот доцнеше, а многу од фановите со купени билети останаа надвор.
Дел од нив се жалат дека заработиле физички повреди и психолошка траума од стампедата кои се случуваа поради лошата организација.
Околу 2000 навивачи ангажираа адвокати и ќе поднесат тужба против УЕФА за нарушување на договорото при купување влезници, за слабата организација и предизвикување на повреди кај навивачите.
Ливерпул како клуб помага во комплетирање на сведоштвата на своите навивачи и им дава поддршка во целиот случај.
Тогаш УЕФА првично ги обвини навивачите за доцнењето на мечот, а потоа се извини но вината ја префрли на француските организатори.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.