24фудбал

Австриец ќе го суди мечот меѓу Македонија и Бугарија

Австрискиот судија, Џулијан Вајнбергер ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Македонија и Бугарија од Лигата на нации кој во понеделник се игра на „Тодор Проески“ Арената.

Македонија

Последниот натпревар од Лигата на нации за оваа сезона, Македонија го игра против Бугарија во Скопје. Задачата да го суди овој меч ја доби не многу искусниот судија Џулијан Вајнбергер од Австрија.

Последен меч од Лигата на нации кој тој го судеше беше дуелот меѓу Грција и Косово. Летово судеше и на две средби од Конференциската лига.

Негови помошници ќе бидат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицбергер и Александер Харкам исто така од Австрија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.