24фудбал

Де Јонг: Челси или Манчестер јунајтед? Уште во мај одлучив дека сакам да останам во Барселона

Френки де Јонг потврди дека во текот на преодниот рок никогаш немал дилеми дали да остане или да замине од Барселона.

Шпанија

Де Јонг силно се поврзуваше со Манчестер јунајтед кој постигнаа договор со Барселона, но фудбалерот одби да потпише за англискиот клуб.

Потоа се обиде и Челси да дојде до неговиот потпис, но приказната беше иста.

„Интересот на Челси и Манчестер јунајтед? Јас веќе во мај одлучив дека сакам да останам во Барселона“, вели Де Јонг.

„Никогаш не ја променив таа одлука во текот на летото“.

„Секогаш сакав да останам во Барселона и за мене ова лето секогаш беше мирно, без разлика како изгледало отстрана“.

„Клубот има свои идеи и јас имам мои идеи, понекогаш тие се судруваат. Но на крајот се се заврши добро“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.