24фудбал

Чави слушнал како Пике се жали и брутално му одговорил

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез нема милост за Жерар Пике иако тие се поранешни соиграчи, дефанзивецот ја грее клупата, а тоа се чини дека нема да се промени во текот на сезоната.

Шпанија

Пике оваа сезона има само два настапи за Барселона, еднаш одигра 90 минути во Ла Лига, и едно полувреме во Лигата на шампионите.

На Барселона и оди одлично оваа сезона, па се верува дека Чави нема намера да го врати Пике во стартниот тим.

Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува една епизода од караниците меѓу Чави и Пике која покажува дека дефанзивецот веќе нема иднина во Барселона.

Пике на глас се пожалил за својата минутажа оваа сезона, Чави го слушнал тоа и му рекол: „Во ред, сега ќе играш уште помалку“.

Пике има 35 години, во февруари ќе наполни 36, па Чави смета дека тој не може веќе да игра на највисоко ниво. Причина е и животот на Пике надвор од теренот, неговиот развод со Шакира и честите забави кои ги имаше минатата сезона.

Чави летото му рече на Пике дека може да си бара нов клуб, но доби одговор дека комплетно ќе се фокусира на Барселона и напорно ќе работи да се врати во првиот тим.

Но се чини дека колку и да работи Пике, нема да добие многу шасни од Чави.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.