24фудбал

Анчелоти: Не ми е јасно како Валверде лани даде само еден гол, ако сега не даде 10, одам во пензија!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека ќе ја искине тренерската лиценца доколку Ернесто Валверде не постигне барем 10 погодоци оваа сезона.

Шпанија

Уругваецот игра во одлична форма на почетокот од оваа сезона, против Мајорка постигна прекрасен соло погодок, а погоди и вчера против РБ Лајпциг во Лигата на шампиони.

„Не ми е јасно како Валверде минатата сезона постигна само еден гол. Му кажав дека ако оваа сезона не постигне барем 10 гола, ќе ја искинам тренерската лиценца и ќе одам во пензија!“ - вели Карло Анчелоти.

„Има топ во стапалото“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.