24фудбал

Ристовски: Го познавам Леао, има три метри а паѓа на секој допир!

Репрезентативецот на Македонија, Стефан Ристовски вели дека Динамо Загреб со крената глава може да замине од Сан Сиро и покрај поразот од 3-1 во пресметката со Милан.

Лига на Шампиони

Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски синоќа загубија на Сан Сиро против Милан, домаќините ја оправдаа фаворитската улога и покрај тоа што се мачеа во првиот дел и отпрот го скршија дури пред крајот на полувремето кога Шутало неспретно реагираше и го собори Рафаел Леао во ситуација која Португалецот не преставуваше опасност по голот.

„Го знам Леао од Спортинг, толкав е „три метри“, а паѓа на секоја топка“ – рече Стефан Ристовски по крајот на натпреварот. „Имаше некој контакт, што знам“.

„Но морам да признам дека се работи за огромен талент, немам што повеќе да кажам, теренот е најдобар доказ“.

Новинарите потоа му посочија дека лошо реагирал при третиот гол на Милан и му дозволил на Побега да се најде во гол шанса.

„Побега? Ма сите ми побегнаа... Кога ќе ве притиснат ,тешко е да се одбраните. Треба 90 минути да сте перфектни. На овој стадион паѓале великани, така да ние нема што да загубиме, одиме понатаму“.

„Заминуваме со високо кренати глави, игравме против клуб кој има огромна традиција и се наоаѓа во топ 10 во светот. Го победивме Челси, денеска загубивме од Милан, распоредот е густ, нема простор ни за тага, ни за одмор“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.