24фудбал

Милер не се израдува на победата над Барса, крадци му влегле дома и си заминале со плен од половина милион

Томас Милер не можел на раат да се израдува на победата над Барселона во Лигата на шампиони, крадци влегле во неговиот имот во областа Отерфинг и си заминале со плен од половина милион евра.

Германија

Во последно време, фудбалерите ширум Европа се мета на крадци, вакво непријатно искуство на своја кожа синоќа осетил Томас Милер, кој не можел на раат да се израдува на победата над Барселона во Лигата на шампиони.

Германецот по крајот на натпреварот не разговараше со медиумите со обраложение дека не може поради приватни работи односно роденден.

Но како што пренесуваат медиумите, по крајот на натпреварот, фудбалерот бил известен за грабеж во неговиот дом. Крадци влегле во имотот на Томас Милер во областа Отерфинг и си заминале со пари, накит и скапоцени предмети во вредност од 500.000 евра.

Алармот бил вклучен, полицијата трагала по криминалците со кучиња и хеликоптер но никој не бил приведен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.