24фудбал

Милер: Мане ми вели, немој по грешка да му подадеш на Левандовски

Утре Баерн Минхен ја пречекува Барселона во натпревар од Лигата на шампионите, Роберт Левандовски првпат се враќа на Алијанц Арената откако направи трансфер.

Германија

Во изминатите години Баерн Минхен и Барселона често играат во Лигата на шампионите, но овојпат нивниот дуел носи посебен шмек поради играњето на Левандовски.

На денешната прес конференција, Томас Милер се пошегува велејќи дека Мане го предупредил по грешка да не му подаде на Левандовски со кој беа страшни партнери во изминатите години во Баерн.

„Садио се шегува со мене, ми вели да не му подадам по грешка на Левандовски“, вели Милер.

„Утре ние мора да ја играме нашата игра и да не се фокусираме многу на Лева. Сега во нападот имаме повеќе напаѓачи со различни квалитети, а не еден главен напаѓач. Противниците нема да знаат од каде доаѓа заканата па мора тоа да го искористиме“.

„Мислам дека тоа ќе биде добар меч, неутралните гледачи ќе уживаат. Ние ќе грзиеме, ќе дадеме се од себе“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК