24фудбал

Баерн Минхен трет натпревар по ред не може да победи во Бундеслигата

Баерн Минхен одигра 2-2 на свој терен против Штутгарт, тоа е трет меч по ред како Баварците играат нерешено во Бундеслигата, Лајпциг со убедливи 3-0 ја совлада Борусија Дортмунд.

Германија

Баерн Минхен лесно го победи Интер во Лигата на шампионите, но во Бундеслигата не им оди во воведниот дел од сезоната.

По нерешените средби со Борусија Менхенгладбах и Унион Берлин, денеска ремизираа и со Штутгарт.

Баерн Минхен двапати водеше, Тел погоди за 1-0, а Мусиала за 2-1. Погодоците за Штутгарт ги реализираа Фухрих, и Гуираси во 92. минута од пенал, тоа беше погодокот за бод.

Лајпциг со новиот тренер, Марко Росе ја растури екипата на Борусија Дортмунд победувајќи ја со 3-0. Тоа е и поранешниот клуб на Росе.

Орбан Собослаи и Хаидара беа стрелци на головите за Лајпциг.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Хофенхајм и Мајнц кој го добија домаќините со 4-1, Волфсбург со 1-0 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, Херта и Леверкузен одиграа 2-2.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.