24фудбал

Тензија во Интер, клубот продава играчи без знаење на Инзаги

Победата на Интер над Кремонезе од 3-1 не донесе позитивен ветар во клубот, италијанските медиуми пишуваат за тензии меѓу Симоне Инзаги и раководството.

Италија

„Скај Спорт Италија“ излезе со вест дека Баер Леверкузен испратил понуда за Госенс која Интер ја прифатил.

Кога Инзаги и Чалханоглу на прес конференцијата беа прашани за тоа, двајцата беа зачудени од таквата информација.

Во меѓувреме имаше вест дека претседателот Стевен Жанг лично го блокирал доаѓањето на Ачерби на позајмица од Лацио, бидејќи не сакал дополнително да се зголемува сметката за плати.

„Загрижен сум, му кажав на клубот дека ни недостасува дефанзивец, има уште два дена до крајот на преодниот рок и се надевам дека ќе го добијам тоа што го побарав“, изјави Инзаги.

Фановите на Интер стравуваат дека лошата комуникација меѓу Симоне Инзаги и раководството на клубот може да се одрази и на резултатите на терен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.