24фудбал

Але: Целта е да се вратам на теренот, да играм пред „жолтиод ѕид“ и да постигнам гол... колку само убаво ќе биде тоа

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але го даде првото интервју откако му беше дијагностициран рак на тестисите, вели дека сега е добар и цело кон брзо враќање на теренот.

Германија

Шокантна беше веста за болеста на Себастијан Але, на фудбалерот кој дојде како замена за Халанд во Борусија Дортмунд, за време на подготовките му беше дијагностициран рак на тестисите.

Тој сега објаснува што се случувало во изминатите денови и цели дека цели кон брзо враќање на теренот.

„Сакам да се заблагодарам на поддршката, не само сега во овие тешки времиња, туку и во текот на минатата сезона. Ако сите се поддржуваат, светот би бил подобар“, вели Але.

„Кога заминав во Дортмунд сè беше во ред, моето семејство и луѓето околу мене беа среќни со новата средина. Меѓутоа, потоа почнав да чувствувам некоја непријатност во стокамот. Оттогаш почна да се развива многу брзо. Следниот ден магнетна во 9 часот наутро. Рекоа видовме нешто, треба да провериме повторно, да направиме биопсија. Во рок од 24 часа ми  направија многу тестови, требаше да чекам за операција за да се осигураат за што точно станува збор. Проверија и излезе тоа што е, и можам да кажам само дека бев многу среќен што се откри така брзо“.

„Првото нешто што помислив „ајде, па поминаа само 10 дена, две недели и не можам да играм“. Мислев и на Борусија, не излезе баш добра зделка за клубот, но кога ќе дојде вакво нешто не можете да знаете или да го избегнете. Кога го имате овој третман, пет дена сте во болница и 24 часа не смеете да мрдате. Во тоа време неизбежно губите мускули и губите од вашата физичка кондиција“.

„Зборот на болеста е многу тежок, кога ќе го чуете. Тоа беше најтешкото, кога им кажував на најблиските, а информацијата се ширеше експресно. Мојата сопруга секако беше во шок, но можеше да се справи со новата информација, но мојата мајка...Мајка си е мајка. Веднаш се јавив кај моите браќа и сестри да бидам сигурен дека ќе бидат со неа, да биде добра и да не е сама“.

„Сега се чувствувам многу добро. Од првиот ден кога се вратив дома почнав да одам, бев и во вежбалната, дури на исто ниво како пред неколку месеци, тоа е добар знак. Ги имам сопругата, мајка ми покрај мене, јадам добро и многу луѓе ми помогнаа, ми ја дадоа оваа доверба. Се чувствувам добро и можам само да порачам сите да се проверуваат на лекар“.

„Добив многу поддршка. Кога ќе видите дека клубови ви праќаат пораки и моето семејство дури беше во позитивен шок. Беше навистина емотивен момент, бидејќи не го очекував тоа од толку луѓе. Но тоа ви дава мотивација да продолжете“.

„Мојата прва цел е да се вратам на теренот, да играм пред ‘жолтиот ѕид’ и да го постигнам првиот гол пред нив. Мислам дека ќе биде специјален и посебен момент. Иако бев само две недели во клубот, ми дадоа голема поддршка и благодарение на нив ќе се вратам на теренот многу брзо“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.