24фудбал

Колку што Зомер одбрани против Баерн, толку одбрани не прават ниту ракометните голмани (ВИДЕО)

Голмнот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер имаше неверојатна партија против Баерн Минхен, ги спречи Баварците да победат, натпреварот заврши 1-1.

Германија

Баерн Минхен загуби два бода, но не одигра лошо, причината што не победи е голманот Јан Зомер.

Швајцарскиот репрезентативец имаше партија каква што до вчера не беше видена во Бундеслигата. Тој имаше 19 одбрани, што е најмногу од еден голман во историјата на Бундеслигата.

Според „Who Scores“ тоа е рекорд не само во Бундеслигата, туку и во најдобрите 5 лиги во Европа, барем откако ОПТА ја мери статистиката, од 2009 година.

19 одбрани не успеваат да направат ниту ракометните голмани, а на Зомер тоа му успеа на фудбалски меч.