24фудбал

Вацке: Сакам да го видам Роналдо во дресот на Борусија Дортмунд, но...

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке негира дека имале контакт за купување на Кристијано Роналдо, иако идејата му се допаѓа.

Германија

Се појавија гласини дека Кристијано Роналдо бил понуден на Борусија Дортмунд, но Вацке вели дека нема ништо од тоа.

„Го сакам Кристијано Роналдо. Шармантна е идејата да го видам Кристијано како игра на Сигнал Идуна Парк. Но, воопшто немало никаков контакт меѓу инволвираните страни“, изјави извршниот директор на Борусија Дортмунд.