24фудбал

Невил го нападна Роналдо: Зошто да чекаш, стани сега и кажи, клубот е во криза, му требаат лидери!

Гери Невил реагираше на изјавата на Кристијано Роналдо дека за неколку недели во интервју ќе ја каже вистината за тоа што се случува со него и Манчестер јунајтед.

Англија

Роналдо рече дека медиумите постојано пишуваат лаги за него, дека од 100 вести, само 5 се вистина. Тој за неколку дена ќе даде интервју и ќе ја каже вистината.

На тоа тврдење на Роналдо реагираше Гери Невил кој побара Португалецот веднаш да зборува.

„Зошто најдобриот фудбалер на сите времиња (според мене) треба да чека две недели за да ја каже вистината на фановите на Манчестер јунајтед?. Стани сега и зборувај. Клубот е во криза и му требаат лидери за да биде воден“, вели Невил.