24фудбал

Касемиро привлечен од платата која му ја нуди Манчестер јунајтед, Реал Мадрид ќе го продаде под еден услов

Касемиро размислува за трансфер во Манчестер јунајтед бидејќи на маса бил ставен богат договор и можност да заработи 30 милиони повеќе на Олд Трафорд, Реал Мадрид ќе го продаде само доколку играчот побара трансфер и пристигне понуда од 70 милиони евра.

Англија

Касемиро е новото име на радарот на Манчестер јунајтед, се говори дека емисари на „ѓаволите“ се во Мадрид и се обидуваат да го ангажираат Бразилецот.

Новинарот Рамон Алварез де Мон вели дека Касемиро размислува за преселба на Олд Трафорд откако на маса бил ставен богат договор, наводно авантурата во Премиерлигата ќе му донесе дури 30 милиони евра повеќе.

Исто така се пишува дека и Реал Мадрид е отворен за трансфер, но под услов играчот да побара да биде продаден и Манчестер јунајтед да понуди барем 70 милиони евра.