24фудбал

Челси двојно ја зголеми понудата за талентот на Интер, сака во пакет да го донесе и Дамфрис

Челси не се откажува од намерата да го ангажира талентираниот Чезаре Касадеи, „сините“ понудиле 12 милиони фунти (нешто под 15 милиони евра), клубот од Стемфорд Бриџ сака во пакет да го донесе и Дензел Дамфрис.

Англија

Челси двојно ја зголеми понудата за талентираниот Чезаре Касадеи, по предлогот вреден 6 милиони фунти, на маса сега се ставени 12 милиони фунти (нешто под 15 милиони евра).

Интер го проценува 19 годишното момче на 20 милиони евра, па останува да се види дали двата клуба ќе најдат компромис.

Тутоспорт додава дека Чезаре Касадеи не е единственото име за кое се преговара, „сините“ во пакет сакаат да го купат и Дензел Дамфрис.

Интер бара околу 50 милиони евра за Холанѓанецот, кој изминатиов викенд го постигна победоносниот гол на гостувањето кај Лече.