24фудбал

Тен Хаг на денешниот вонреден тренинг, ги терал играчите на Јунајтед да истрчаат 13,8 км, има причина за тоа

Манчестер јунајтед вчера беше понижен од Брентфорд откако загуби со 4-0, а играчите денеска наместо слободен ден имале тренинг.

Англија

Според новинарот на „Скај Спортс“, Каве Солхекол, Тен Хаг на денешниот тренинг побарал фудбалерите на Манчестер јунајтед да истрчаат 13,8 километри.

Фудбалерите на Брентфорд синоќа истрчаа 13,8 километри повеќе од играчите на Манчестер јунајтед. Токму затоа Тен Хаг ја одбрал оваа дистанца.

На вчерашниот натпревар фудбалерите на Брентфорд истрчале збирно 109,4км, додека на Манчестер јунајтед 95,6км.