24фудбал

Официјално: Никола Влашиќ потпиша за Торино

Хрватскиот фудбалер, Никола Влашиќ од Вест Хем се пресели во Торино на позајмица со опција целосно да биде откупен.

Италија

Влашиќ оваа сезона ќе игра како позајмен играч од Вест Хем, а следното лето Торино ќе има опција за 15 милиони евра да го направи трансферот перманентен.

„Торино со задоволство може да соопшти дека од Вест Хем на привремена опција со можност за откуп го ангажираше фудбалерот Никола Влашиќ“, стои во соопштението на италијанскиот клуб.

Влашиќ е 24-годишен офанзивен фудбалер од средниот ред кој е роден во Сплит и потекнува од школата на Хајдук. Покрај сплитскиот клуб, има играно за Евертон, ЦСКА Москва и Вест Хем.