24фудбал

Полицаец истрча на теренот и го прекина мечот помеѓу Евертон и Челси (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Евертон и Челси беше прекинат во финишот откако полицаец истрча на теренот за да алармира дека на лице во публиката му е потребна итна лекарска помош.

Англија

Евертон и Челси вечерва играа дури 110 минути поради бројни прекни. Еден настана во финишот од мечот кога полицаец истрча на теренот на „Гудисон Парк“.

Полицаецот реагираше за да аламира дека на лице во публиката му е потребна лекарска помош.

На социјалните мрежи се пишува дека на постара жена и се слошило, но таа била добро по интервенцијата на лекарските екипи.