24фудбал

Струга тргна со убедлива победа, два гола на Бесарт Ибраими

Почна и Првата македонска фудбалска лига, на стартот Струга Трим Лум со 3-0 ја совлада Победа, новото засилување за стружани, Бесарт Ибраими беше стрелец на два гола.

Македонија

Бесарт Ибраими уште на првиот натпревар за Струга Трим Лум во новата сезона покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на Захариевски, тој беше главниот во триумфот над Победа.

Резултатот беше отворен во самиот финиш од првото полувреме кога по една грешка на гостите Струга изведе брза контра, Ибраими погоди и донесе водство од 1-0.

Во 62. минута една одлична соло акција на Ибраими и нов негов гол за водство на Струга од 2-0.

Ибраими пропушти уште неколку шанси за хет-трик, не успеа да даде трет гол, но Струга постигна уште еден, овојпат преку Јусуфи во самиот финиш од мечот.