24фудбал

Моќен старт на Тотнем во новата сезона, Саутемптон само го налути тимот на Конте (ВИДЕО)

Тотнем лесно со 4-1 го победи Саутемптон во првиот натпревар од Премиерлигата во новата сезона, гостите поведоа, но потоа беа тотално надиграни.

Англија

Саутемптон имаше почеток каков што само може да посака, со гол на Ворд Праус поведоа со 1-0 во 12. минута.

Но радоста траеше кратко, Сесињон во 21. минута израмни на 1-1, а десет минути подоцна Дајер даде гол за комплетен пресврт и водство на Тотнем од 2-1.

Во вторто полувреме Салису си постигна автогол за 3-1, а конечните 4-1 беа дело на Кулушевски.

На крајот Саутемптон може да биде и задоволен што прими само четири гола со оглед на бројот на шанси кои ги создаде Тотнем.

Во останатите три меча кои се играа од 16 часот, Њукасл со 2-0 го победи Нотингем форест, Лидс со 2-1 славеше над Вулвс, а Астон Вила со 2-0 загуби на гостувањето кај Борнмут.