24фудбал

Клоп му удри шамар на Митровиќ од почит (ВИДЕО)

По крајот на натпреварот помеѓу Фулам и Ливерпул, Јирген Клоп се поздрави со Александар Митровиќ и му удри шамар од почит.

Англија

Александар Митровиќ минатата сезона ја одигра во неверојатна форма и постигна дури 43 погодока во Чемпионшип. Србинот продолжи да ги тресе мрежите и во Премиерлигата, попладнево му даде два гола на Ливерпул во ремито од 2-2.

Јирген Клоп не остана рамнодушен на одличната партија на Александар Митровиќ, па по крајот на натпреварот се поздрави со напаѓачот и му удри шамар од почит.