24фудбал

Лаказет не можеше да посака подобро враќање во дресот на Лион, гол и асистенција на стартот од сезоната (ВИДЕО)

Лион со 2-1 го победи Ајачио на стартот од новата сезона во Лига 1, а ѕвезда на вечерта беше Александре Лаказет.

Франција

По пет сезони поминати во Арсенал, Лаказет ова лето се врати од тимот од каде што потекнува, во Лион и имаше импресивен старт на сезоната.

Лаказет во 12. минута му асистриаше на Тете за водство од 1-0, а девет минути подоцна погоди од пенал за предност на Лион од 2-1.

Во 27. минута Лион остана со играч помалку откако Лопез заработи директен црвен картон.

Ајачио брзо го искористи тоа, само четири минути подоцна преку Мањани намали на 2-1.

Но пред крајот на првото полувреме и гостите останаа со играч помалку откако Хамоума заработи втор жолт картон па силите во второто полувреме повторно беа израмнети.