24фудбал

Фудбалер се оженил но не присуствувал на својата свадба!

Фудбалерот на Малме, Мохамед Буја Турај има интересна приказна за тоа како се оженил а не бил присутен на неговата свадба.

Останато

Настанот се случувал во Сиера Леоне од каде што е фудбалерот и неговата сопруга. По мечот меѓу Малме и Дуделанж на новинарите тој им ја раскажа својата неверојатна приказна.

„Се венчавме на 31 јули во Сиера Леоне, имаше свадба, но јас не бев присутен таму бидејќи од Малме ме викнаа да дојдам порано. Фотографиите ги направивме порано. На нив изгледа како јас да сум бил таму, но вистината е дека не бев на сопствената свадба. На церемонијата ме менуваше мојот брат, тој беше на моето место и за време на свадбената веселба“, откри фудбалерот на Малме.

„Набргу мојата сопруга ќе дојде во Малме и ќе живееме заедно тука во Шведска“.