24фудбал

ПСЖ без Мбапе ќе ја почне сезоната

Денеска стартува новата сезона од француската Лига 1, ПСЖ утре го игра својот меч, му гостува на Клермон, а на стартот од сезоната ќе бидат без Килијан Мбапе.

Франција

Килијан Мбапе поради повреда го пропушта стартот на сезоната во Франција. Тој не настапи и на дуелот од Суперкупот против Нант, а нема да игра ниту против Клермон.

„Поради болку во мускулот во пределот на адукторот, Килијан Мбапе ќе продолжи да се рехабилитира во тренинг центарот. За 72 часа ќе му бидат направени дополнителни тестови“, стои во соопштението на ПСЖ.