24фудбал

Луди суми, Кукуреља со една добра сезона за 4 пати ја зголеми својата цена

Марк Кукуреља денеска го комплетираше трансферот во Челси, Брајтон го продаде левиот бек за речиси 74 милиони евра, а пред само 12 месеци го купи за четири пати помалку, односно 18 милиони евра.

Англија

Марк Кукуреља стана најскапиот лев бек во светот на фудбалот откако Челси денеска го комплетираше неговиот трансфер вреден околу 74 милиони евра.

Шпанецот пред само 12 месеци пристигна во Брајтон за 18 милиони евра, и со една добра сезона во Премиерлигата за 4 пати ја зголеми својата цена.

Марк Кукуреља е продукт на школата на Барса, но никогаш не доби вистинска шанса на Камп Ноу. Прво беше испратен на позајмица во Елче, а потоа на позајмица во Хетафе, клубот од Мадрид во 2020 реши во целост да го купи левиот бек.