24фудбал

Лапорта сподели приказна од мајката на Левандовски и пророштво старо 20 години

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сподели приказна од мајката на Роберт Левандовски, која пред 20 години го посетила Камп Ноу и на својот син му порачала дека еден ден ќе игра на овој стадион.

Шпанија

Роберт Левандовски попладнево беше промовиран како нов фудбалер на Барселона, напаѓачот се појави на Камп Ноу на настан за кој беа продадени преку 50.000 билети.

Претседателот на „каталонците“, Жоан Лапорта во еден момент ја прекина прес конференцијата за да сподели приказна од мајката на напаѓачот.

Ивона, која се занимавала со одбојка, пред 20 година со семејството била во посета на Барселона и имале тура на Камп Ноу. Во еден момент таа ја допрела тревата на теренот и му кажала на Роберт (тогаш имал само 13 години) дека еден ден ќе игра на овој стадион.

Нејзиното пророштво сега се оствари.