24фудбал

Галатасарај на Мертенс му нуди богата плата, личен шофер, вила и 30 летови до Неапол

Медиумите од Италија пренесуваат дека Дрис Мертенс е многу блиску до преселба во Галатасарај, клубот од Турција на маса ставил плата од 4 милиони евра по сезона, плус серија на бенефиции.

Останато

Дрис Мертенс и Наполи не успеаја да најдат согласност за продолжување на соработката, па најдобриот стрелец во историјата на клубот заминува.

Се говореше дека Јувентус му нуди плата од 5 милиони евра за да се пресели во Торино, но фудбалерот од Белгија го одбил предлогот од лојалност кон Наполи.

Последните информации велат дека Дрис Мертенс е многу блиску до преселба во Галатасарај, клубот од Турција на маса ставил плата од 4 милиони евра по сезона, плус серија на бенефиции.

Дрис Мертенс ќе добие личен шофер, вила како и 30 летови до Неапол. Во случај на пласман во Лигата на шампиони, договорот ќе биде обновен на уште една година.