24фудбал

Лапорта објасни зошто Левандовски му ја „украл“ 9-та на Депај

Роберт Левандовски попладнево беше промовиран на Камп Ноу, напаѓачот се појави во дрес со бројот 9, кој му припаѓа на Мемфис Депај.

Шпанија

Барселона денеска го промовираше Роберт Левандовски, најзвучното име кое ова лето го засили клубот. Напаѓачот на теренот на Камп Ноу се појави во дрес со бројот 9, кој му припаѓа на Мемфис Депај.

Многумина ова го толкуваат како знак дека Холанѓанецот ќе го напушти клубот, а Жоан Лапорта објасни зошто се решиле на еден ваков потег.

„Клубот донесе одлука Роберт да го носи бројот 9, од аспект на имиџ и маркетинг, мислиме дека ова е правиот потег. Максимално го почитуваме Мемфис и верувам дека тој разбира“ - вели претседателот на Барсаелона.