Рома има одличен преоден рок, а неверојатно изгледа фактот што само со продажба на Џордан Верету во Марсеј ќе заработи повеќе отколку што потроши ова лето досега.
Категорија: Италија 05.08.2022 09:34
Верету денеска ќе ги помине медицинските тестови и ќе потпише договор со Марсеј. Францускиот клуб за овој трансфер на Рома ќе и плати 11 милиони евра плус 4,5 милиони евра во бонуси.
Рома ова лето ги донесе Миле Свилар, Немања Матиќ, Зеки Челик, Пауло Дибала и Џеорџино Вајналдум.
Плати само седум милиони евра за Челик кој пристигна од Лил.
Свилар, Матиќ и Дибала во Рома дојдоа како слободни играчи, а Вајналдум на едногодишна позајмица со опција да биде целосно откупен следното лето.
Големи се шансите да пристигне и Белоти, но и за него нема да плати Рома, бидејќи и тој е слободен играч.