24фудбал

„Никој во Европа не го сака, Тен Хаг не го сака и не сум сигурен дали во соблекувалната на Јунајтед го сакаат“

Џејми Карагер верува дека Кристијано Роналдо не може да биде истиот фудбалер како што бил и покрај тоа што Португалецот е фантастичен професионалец, едноставно годините се тие.

Англија

Роналдо ги пропушти подготовките на Манчестер јунајтед затоа што сакаше да си замине од клубот. Но никој од останатите гиганти не направи напор да го ангажира. Неговиот агент Жорж Мендеш не успеа да му најде друг клуб.

Португалецот играше едно полувреме на мечот со Рајо Ваљекано и веднаш си замина, беше дома пред да заврши натпреварот. Тоа не му се допадна на Тен Хаг кој се обидува да воспостави дисциплина во тимот.

Па, Џејми Карагер се сомнева дека веќе ниту во Манчестер јунајтед не го сакаат Кристијано Роналдо.

„Отсекогаш мислев дека Роналдо беше бизарно засилување. Отсекогаш мислев дека оваа ситуација ќе дојде дури и кога Роналдо играше одлично за Манчестер јунајтед“, објаснува Карагер.

„Тој потпиша двегодишен договор плус опција за уште една, никогаш не верував дека ќе ја одигра и втората сезона. Сите знаеме дека фудбалер во тие години не е истиот играч, но неговата кариера трае подолго бидејќи тој е толку голем професионалец“.

„Но фактот што тој сега е 37, 38 оваа сезона, тој не е истиот фудбалер. Тој се уште е одличен голгетер, но не е истиот фудбалер. Во моментов ниту еден друг клуб во Европа не го сака, може сум грешка“.

„Во моментов другите клубови не го сакаат, и мислам ако го прашате Тен Хаг, ниту тој мислам дека не го сака. Дури не сум ни сигурен дека во соблекувалната го сакаат во моментов“.