24фудбал

Црвена звезда ја наполни мрежата на Пјуник (ВИДЕО)

Црвена звезда со убедливи 5-0 славеше против екипата на Пјуник во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Црвена звезда си ја заврши задачата во Белград, на гостувањето во Ерменија ќе треба само рутински да одработи за да се пласира во плејофот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Синоќа црвено-белите доминираа против Пјуник, во центарот на вниманието беше Букари кој постигна хет-трик, по еде гол дадоа Кангва и Митровиќ.

Победа од 5-0 синоќа обезбеди и Бодо/Глимт кој го совлада Жалгирис, гол помалку постигна Макаби Хаифа која со 4-0 беше подобра од Аполон.

Динамо Киев со 1-0 го победи Штурм, а Карабак и Ференцварош одиграа нерешено 1-1.