24фудбал

Србин е новиот селектор на Бугарија

Младен Крстаиќ ќе биде назначен за нов селектор на бугарската фудбалска репрезентација која во септември ќе гостува во Скопје во меч од Лигата на нации.

Останато

Крстаиќ се договорил со бугарската фудбалска федерација и го потпишал договорот, наскоро се очекува и официјална промоција.

Српските медиуми објавија фотографија од Крстаиќ со раководството на бугарската федерација предводена од претседателот Борислав Михаилов и техничкиот директор Георги Иванов кој беше вд селектор на последните два меча.

Крстаиќ во играчката кариера го носеше дресот на Партизан, а играше и во Бундеслигата за Вердер и Шалке. Тој беше селектор на Србија од 2017 до 2019, беше тренер и на СЦ и Макаби Тел Авив.