24фудбал

Барселона за засилувања ќе има 200 милиони евра, но за Левандовски нема да понуди повеќе од 40 милиони

Како што пренесува АС, Барселона ова лето ќе има 200 милиони евра за засилувања но за првата желба на „каталонците“, Роберт Левандовски нема да бидат потрошени повеќе од 40 милиони евра.

Шпанија

Трансфер буџетот на Барселона ова лето ќе изнесува околу 200 милиони евра, ова денеска го пренесе АС. Весникот вели дека информацијата е од претседателот Жоан Лапорта кој имал неформален разговор со медиумите.

АС исто така додава дека „каталонците“ одредиле лимит за трансферот на Роберт Левандовски и нема да понудат повеќе од 40 милиони евра. Ова ги компкикува работите со оглед на тоа дека Баерн Минхен го одби последниот предлог вреден токму 40 милиони евра, па некој ќе мора да попушти за да се реализира зделката.

Покрај Полјакот, Бернардо Силва и Рафиња се останатите големи желби на Барселона за засилување на тимот.