24фудбал

Рафиња не му дава одговор на Челси, ја чека Барса

Рафиња упорно чека Барселона да го договори трансферот со Лидс, тој веќе ги има договорено личните услови со каталонскиот клуб.

Англија

Барселона има подготвено петгодишен договор за Рафиња кој тој го има прифатено. Фудбалерот чека договор меѓу клубовите.

Челси се договори со Лидс и му испрати понуда на Рафиња, но се уште нема одговор од фудбалерот кој преферира трансфер во Барселона.

Минатиот четврток Барселона понудила 50 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси и плаќање на рати. Но тоа засега не е доволно.

Според Лидс, тие засега единствено ја имаат прифатено понудата на Челси од 60 милиони фунти.