24фудбал

На Миовски му требаа осум минути да го постигне првиот гол за Абердин

Абердин одигра 1-1 против Сент Џонсон на подготовките во Шпанија, а нашиот Бојан Миовски беше стрелецот на единствениот гол за неговиот нов клуб.

Македонија

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски денеска за првпат настапи во дресот на Абердин и веднаш почна да ги тресе мрежите на противниците.

Миовски постигна гол уште во осмата минута од мечот, а подоцна Сент Џонсон успеа да израмни и да дојде до реми.

Натпреварот беше затворен за јавноста.