24фудбал

Манчестер јунајтед го прати Хендерсон на позајмица во Нотингем форест

Одличниот голман на Манчестер јунајтед, Дин Хендерсон кој не може да дојде до израз од Давид де Хеа, следната сезона ќе има повеќе шанси да биде на теренот откако отиде на позајмица во Нотингем форест.

Англија

Новиот премиерлигаш, Нотингем форест си обезбеди сериозно засилување на голманската позиција за новата сезона.

Го потпишаа Дин Хендерсон од Манчестер јунајтед на едногодишна позајмица.

Во договорот нема опција за целосен откуп, се работи за чиста позајмица.