24фудбал

„Скај Спорт“ тврди, Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Наспроти гласините дека Кристијано Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед ова лето, „Скај Спорт“ тврди дека Португалецот ќе остане на Олд Трафорд и во новата сезона.

Англија

Португалскиот спортски весник „Рекорд“ излезе со информација дека Кристијано Роналдо ќе си замине поради неактивноста на Манчестер јунајтед во преодниот рок.

Црвените ѓаволи донесоа нов тренер, но на трансфер пазарот се многу тивки за разлика од конкуренцијата, па наводно Роналдо бил фрустриран поради тоа.

Сепак информациите од Англија велат дека Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед. Тен Хаг веќе потврди дека Португалецот е дел од неговите планови.