24фудбал

Познато е за која сума Абердин го купи Миовски

Синоќа Абердин го промовираше Бојан Миовски во ново засилување, тој потпиша четиригодишен договор со шкотскиот тим, но немаше финансиски детали за трансферот.

Македонија

Шкотските медиуми денеска откриваат дека Абердин за трансферот на Миовски на МТК му платил 624.000 евра (536.000 фунти).

Тој е трето засилување за овој клуб и најскапо досега. Покрај Миовски, за Ричардсон платија 300.000 фунти, а за Рамадани 100.000 фунти.

Абердин е легендарен шкотски клуб кој има четири шампионски титули, освојувач е на Купот на победниците на куповите кога Сер Алекс Фергусон им беше тренер, тој ги водеше од 1978 до 1986 година.