24фудбал

Асистенција на Алиоски за Ал Ахли кој е пред испаѓање (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски беше асистент на единствениот погодок на Ал Ахли во поразот од 3-1 од Ал Раед во првата лига на Саудиска Арабија.

Македонија

Течеше судиското продолжение од мечот, Ал Ахли веќе губеше со 3-0 кога Алиоски убаво нафрли до Карлос Едуардо кој даде гол за 3-1.

Со овој пораз на коло пред крајот Ал Ахли влезе во зоната за испаѓање. Во последното коло му гостуваат на Ал Шабаб кој е на четвртотот место на табелата. За да се спаси тимот на Алиоски мора да победи и да чека кикс на екипите над него.

Испаѓање на Ал Ахли би требало да значи и заминување на Алиоски од клубот, најблиску до неговиот потпис е Трабзонспор со кој нашиот фудбалер веќе подолго време преговара.