24фудбал

Бруно Фернандеш до соиграчите: Овде сте за да играте фудбалер, а не да снимате видеа! (ВИДЕО)

Алекс Телеш и неговиот сонародник Фред снимаа видео за спортската агенција „О Клуб Фудбал“, па добија коментар од Бруно Фернандеш.

Англија

„Ѓаволите“ во 2021/22 ја забележаа најлоата сезона во Премиерлигата, беа освоени 58 поени, дури 35 помалку од шампионот и лут градски ривал, Манчестер Сити.

Изминативе месеци често имаше пишувања за нетрпение во соблекувалната, дури и дојде до тепачка на еден од тренинзите.

Сега се појави снимка на која Бруно Фернандеш им довикува на Алекс Тешел и Фред дека се дојдени во Манчестер јунајтед да играат фудбал а не да снимаат видеа.

Во соработка со спортската агенција „О Клуб Фудбал“, левиот бек сака да прикаже како изгледа еден негов ден, и кога се појави пред влезот во тренинг центарот на Манчестер јунајтед беше пречекан од сонародникот Фред.

Во еден момент Бруно Фернандеш излезе и почна да вика: „Престанете да глумите ѕвезди! Овде сте за да играте фудбал, а не да снимате видеа“.

Двете страни потоа си разделија и по некоја сочна пцовка.