24фудбал

Нкунку го одложи трансферот за следното лето, стави потпис на нов договор со откупна клаузула

Кристофер Нкунку реши да го игнорира интересот на гигантите ширум светот и да стави потпис на нов договор со РБ Лајпциг, сепак следното лето тој речиси сигурно ќе направи трансфер откако доби откупна клаузула.

Германија

Кристофер Нкунку имаше одлична сезона во дресот на „биковите“ па го привлече вниманието на гигантите ширум Европа. Французинот сепак реши да не брза со трансфер и стави потпис на нов договор.

„Кристофер Нкунку останува! РБ Лајпциг и најдобриот фудбалер во Бундеслигата во сезоната 2021/22 договорија продолжување на соработката до 2026 година“ – гласеше известувањето.

Медиумите пренесуваат дека Кристофер Нкунку добил значително повисока плата, околу 3 милиони евра повеќе, како и шанса за трансфер по 12 месеци.

Се шпекулира дека во неговиот договор има откупна клаузула од 60 милиони евра која се активира летото во 2023 година.