Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Пини Захави (агентот на Роберт Левандовски) е еден од агентите кои и се јавил на Барселона и го понудил Нејмар бил понуден на Барселона, сумата потребна за трансфер е 50 милиони евра.
Категорија: Шпанија 23.06.2022 08:38
ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар ова лето, пред неколку дена беше објавено дека Бразилецот бил понуден на Јувентус.
Последните информации говорат дека и Барселона добила сличен повик, неколку посредници па дури и Пини Захави (агентот на Роберт Левандовски) ги известил „каталонците“ дека можат да го вратат Бразилецот на Камп Ноу.
Сумата потребна за трансфер е 50 милиони евра, и самиот Нејмар бил загреан за идеата одново да го облече дресот на „каталонците“.
Во моментов Барселона сепак не размислува за ваква зделка и покрај тоа што Жоан Лапорта има одличен однос со Пини Захав и Нејмар, приоритет на претседателот е ангажман на Роберт Левандовски.