24фудбал

Влатко Стојановски се врати во Македонија, потпиша за Шкендија

Шкендија доби сериозно засилување во нападот откако го ангажираше Влатко Стојановски кој е и повремен репрезентативец на Македонија.

Македонија

Стојановски по три години се враќа во Македонија, замине од Ренова, а сега ќе игра за Шкендија. Во меѓувреме играше во францускиот Ним, во Шамбли и во Горица од Хрватска.

Тој стави потпис на двегодишен договор со тетовскиот тим.

„Мислам дека ова беше вистинскиот момент за да дојдам во клуб како Шкендија, клуб кој секогаш се бори за трофеите и има огромно европско искуство. Во Шкендија ќе играм со фудбалери со кои сум играл во македонските репрезентации, има и други кои се одлични, така да мислам дека имаме одлично скроен тим и заедно ќе освојуваме трофеи“, вели Стојановски.