24фудбал

Официјално: Марио Геце се врати во Бундеслигата

Марио Геце се врати во германското првенство откако денеска стави потпис на договор со освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт.

Германија

Марио Геце направи перманентен трансфер од ПСВ Ајндховен во Ајнтрахт Франкфурт.

Германскиот клуб плати 4 милиони евра колку што беше откупната клаузула во договорот на Геце со ПСВ.

Геце стави потпис на договор до јуни 2025 година.